Коронавирусот може да предизвика голема економска криза

Професорот и поранешен министер за финансии Никола Поповски, на фејсбук вчера ги искоментира случувањата, тврдејќи дека ако продолжи овој тренд оваа криза ќе биде една од најлошите економски кризи во историјата.

За неверојатни 5,86 проценти падна вредноста на индексот МБИ 10 на Македонската берза вчера. Случувањата на нашиот пазар одразуваат некоја психоза, се согласуваат познавачите, но ситуацијата е исклучително драматична и на светскиот пазар. Клучна причина е ширењето на коронавирусот. Сите берзански индекси на NYSE вчера падана во рок од 15 минути од отворањето за седум проценти, но падот беше исто така дрстичен и на берзите во Азија и во Европа.

„Ако вака продолжи 1929/33 и 2008/2009  ќе бидат само мала шега бидејќи очигледно дека мерките на економската политика се асполутно немоќни во борбата со Ковид 19, тврди Поповски.

За Македонија е уште полошо што Италија е еден од поголемите трговски партнери, а од вчера таму се прекинати врските со остатокот од светот. Македонија потенцијално е погодено и од настаните во Кина поради сечењето на каналот на добавување, но дополнително ќе трпиме поради очекуваниот пад на европската економија. 

Вчера „Блумберг економикс“, анализираше дека економска последица на оваа криза може да биде рецесија во САД, во евро-зоната и во Јапонија, најмал забележан раст во Кина и вкупно 2,7 милијарди американски долари изгубено производство – што е еквивалентно на целиот БДП на САД.

izvor faktor.mk

Translate »