Лекувањето во приватните здравствени установи може да е брзо,  без да се изложуваме на високи трошоци

Дали сте се нашле во ситуација Вие или некој ваш близок ненадејно да се најде во лоша здравствена состојба и да треба брзо да се направи медицинска интервенција. Ги разгледувате опциите, а препораките се за некоја од реномираните приватни здравствени институции. И тука немате дилеми, државното здравство не е опција, но кога ќе се јавите во некоја од нив ве дочекува ценовен шок. Не секој може да си дозволи лекување во приватните здравствени институции.
Но, се може да биде поинаку доколку навреме ги планираме работите, и секако ако ги имаме вистинските информации. Има решение? Со издвојување на мал износ на средства на годишно ниво за соодветен пакет за индивидуално и семејно здравствено осигурување од Кроација осигурување, можеме да си обезбедиме квалитетна здравствена заштита кога ќе имаме потреба од неа. Си обезбедуваме сигурност за здравјето, а притоа заштедуваме и време и средства.


Животот е многу поубав и полесен кога ги планираме работите.
А кога си обезбедуваме квалитетна здравствена заштита го продолжуваме и просечниот животен век. Несомнено долговечноста е поврзана со навремената и квалитетна здравствена заштита. Секако тука се и начинот на исхрана, и животниот стил.

Несомнен факт е дека просечниот животен век расте последниве 30-тина години ! Тоа варира од земја со земја, зависно од животниот стандард и колку се користат квалитетни здравствени услуги. Сите анализи, согледувања водат кон заклучок дека квалитетниот и долговечен живот несомнено најмногу зависи од квалитетните здравствени услуги. Токму затоа она што го нуди Кроација со пакетот на здравствено осигурување, дава сигурност. Пакетите CROCARE овозможуваат добивање здравствени услуги целосно ослободени од несаканите трошоците во приватните здравствени институции. Пронајдете го соодветниот пакет на https://web.crosig.mk/ или јавете се во контакт-центарот на 15599. Лекувањето во приватните здравствени установи може да е брзо,  без да се изложувате на високи трошоци.

Translate »