Дали јаболките да ги излупиме пред јадење?

Секоја година Светската здравствена организација објавува список на намирници со најмногу пестициди.  Со децении наназад на  прво место се наоѓа токму јаболкото, овошје кое отсекогаш важело за симбол на доброто здравје. За жал , јаболките денес се прскаат и пред и по берењето за да останат свежи и убави. Затоа, постојано сме во дилема , дали јаболкото да го јадеме со лушпа и така со вишокот витамини да внесеме и вишок пестициди, или да го излупиме и да го намалиме внесот на пестициди, но и на витамини.

Освен јаболките, најмногу пестициди содржат и јагодите, праските, кајсиите и нектарините. Многу пестициди содржи и кората на цитронот.

Никој нема идеален одговор дали да го лупиме или не овошјето, така што ќе ви предложиме идеално решение. Пестицидите во овошјето ќе ги намалите доколку плодовите  ги измиете во вода во која ќе ставите сода бикарбона или оцeт. Овошјето нека остане потопено во таков раствор  10 минути, а потоа добро измијте го.

 

 

Translate »