Совети од Проф. Др. Дејан Докиќ: Како најефикасно да се заштитиме од алергиите на безбеден и природен начин!
Пролетта доаѓа, а со покачувањето на температурите и раззеленувањето на природата, почнуваат и алергиите. Во сите развиени земји во светот алергиите се во постојан пораст. Дел од нив се генетски, се наследуваат, но според Ерика Фон Муциус германска истражувачка која се занимава со овој проблем, алергиите се резултат и на хигиената и грижата за сопственото здравје. Доколку децата навремено и превентивно се вакцинираат, доколку се врши јодирање на храната, се додава витамин Д во млекото, нивниот организам веќе не се бори со инфективни агенси, вируси и бактерии, и се многу поотпорни кон инфекциите, но имунолошкиот систем отвара можост полесно да реагира на алергените и да пројави алергии.
Загадениот воздух, издувните гасови од дизел горивото, поленските зрнца, домашната прашина, мувлата, животните, различни видови храна или хемикалии предизвикуваат разноврсни алергиски реакции кои доколку останат нетретирани можат да доведат до сериозни хронични проблеми со дишењето и развој на астма, или да предизвикаат и живото загрозувачки реакции.
Сите овие фактори може да предизвикуваат алергиски симптоми, како кивање, чешање на носот и грлото, секреција на бистра, воденикава течност и кашлање, кои настапуваат ненадејно и траат онолку долго колку што личноста е експонирана на алергенот. Честопати, овие симптоми се придружени и со зацрвенети и насолзени очи, односно алергиски конјуктивитис.
Затоа е важно навремено да се заштитиме од алергиите на безбеден и природен начин, без несакани ефекти, советува Проф. Др. Дејан Докиќ, субспецијалист пулмолог-алерголог, директор на Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија.
Свесни сме дека примената на агресивните антихистаминици и кортикостероиди не е едноставна и има многу несакани ефекти по здравјето. Секој лек е и отров ако не се користи за таа индикација за која е наменет. И затоа е најдобро и наједноставно на природен начин, без несакани ефекти, да ги смириме алергиите и да ја спречиме нивната појава, советува Проф. Др. Дејан Докиќ. Од неодамна имаме нов природен, хербален препарат составен од многу важни растителни екстракти кои ефикасно помагаат во справувањето со алергиите. Станува збор за АЛЕРГО ПРОТЕКТ кој има научно докажана ефикасност во справувањето со алергиите. Може да се користи превентивно при појава на алергиска реакција. Растителните екстракти во АЛЕРГО ПРОТЕКТ заедно со витаминот Д како основен имуномодулатор, помагаат на природен и безбеден начин да се смират алергиските реакции и да се спречи нивната појава.
Растителните екстракти како што се екстрактот од див ѓумбир, црн кардамон, Кинеска туја, екстрактот од коприва и алое вера во научните истражувања имаат потврдено способност да го смират имунитетот, односно да придонесат во стабилизирање на метаболизмот на хистамин со што помагаат во спречување или намалување на тегобите при алергиските реакции. Комбинацијата на овие растителни екстракти, со ензимот бромелаин и витаминот Д во АЛЕРГО ПРОТЕКТ ја прави употребата на овој производ одличен, ефикасен и природен, начин да се превенираат или да се смират алергиите.