Светски ден на оралното здравје. Дали доволно се грижиме за нашите заби?
Стресот, лошата исхрана, нередовната посета на стоматолог влијаат се повеќе луѓе во светот да имаат проблеми со оралната хигиена, велат од СЗО. Половина од луѓето во светот страдаат од орални заболувања, како што се расипување на забите и заболување на непцата. Загрижувачки е податокот дека е се поголем бројот и на деца кои недоволно водат грижа за своите заби. На 20 Март Светскиот ден на оралното здравје СЗО не потсетува загГрижата за оралното здравје на директното влијание врз општото здравје.
И ако порано оправдување за ова бил стресот и болката од стругање на забите, и се околу тоа, веќе нема причина за изговор. Одењето на стоматолог е рутински, безболен и пријатен процес, а придобивките врз општото здравје се огромни.
Денес технологијата е толку напредната, постои нова апаратура, методи кои носат огромни олеснувања за пациентите. Во ДЗУ Бабамова е имплементирана единствена метода на воздушна абразија со која кариесот се отстранува на комплетно безболен начин, со млаз од воздух и прашак. Може да се користи и кај деца и кај возрасни. Нема болка, непријатен звук, вибрации и стрес.
Здравите заби им овозможува на луѓето да зборуваат, да се смеат, да јадат и да вршат други функции во текот на животот, но исто така ја зголемува социјалната интеракција и самодовербата. Спротивно нездравите заби може потенцијално да доведат до социјална изолација, каде што луѓето избегнуваат да се смеат и комуницираат со останатите, заради чувството на срам поради нивните заби и перцепцијата на луѓето за нивното орално здравје.
Посетата на стоматологот не треба да биде само во моментите кога ќе ни се скрши пломба или ќе не заболи заб. Редовни прегледи барем 2 пати во годината се повеќе од неопходни. Нешто може да не е во ред со забите уште пред ние тоа да го забележиме вели стоматологот Д-р Лиљана Бабамова од ДЗУ Бабамова. Колку повеќе делуваме превентивно, толку на долг рок ја зголемуваме веројатноста за поздрави заби.
Стоматолозите постојано апелираат на грижата за забите. Оралните болести можаат да влијаат врз животот во секој поглед, од меѓучовечките односи и самодовербата во училиштето, работата, дури и при вкусот на храната. Родителите треба да се грижат за оралното здравје на децата и да ги мотивираат тие да се грижат за своите заби за време на нивниот живот.
Денес, на 20 Март Светскиот ден на оралното здравје, preventa.mk и Мизуха – Јапонски брендот за орална нега со кварц, во соработка со Хуманитарни акции.мк, иницираат хуманитарна акција, каде секој кој што ќе купи пакет производи од брендот Мизуха, учествува во хуманитарна акција.