Совети- Кога мобилниот ќе ни падне во вода
Водоотпорните телефони обично имаат ознаки. за нив клучна е ознаката IP(Ingress Protrction) и броеви кои следат по овие две букви. Првиот број означува отпорност на тврди работи, како прашина,па затоа бројот 6 означува целосна заштита од прашина. Вториот број од 0 до 9 означува отпорност на течности , а најголемата ознака 9К означува отпорност на млазеви вода со висок притисок и заштита од високи температури од повеќе правци. Најчесто на телефонот ќе ги видите ознаките 7 или 8. Така на пример Ознаката IP67 покажува дека телефонот е отпорен на тонење во вода на длабочина од 15 см до 1 метар, додека пак телефоните со ознака IP 68 се отпорни на вода длабока два метри. Важно е да се знае дека ознаките се поврзани со лабараториски услови, додека во реалноста работите функционираат поинаку, па разни течности имаат различно влијание на водотпорните налепници и материјали кои го штитат влезот за полначот слушалките и капакот на батеријата. Пример солената вода може да ја оштети и нагризе батеријата .
Совет
Ако телефонот ви паднал во вода најважно е прво да го извадите, секоја секунда го зголемува ризикот за поголеми оштетувања. Исклучете го (ако е уклучен) и извадете ја батеријата доколку можете. Телефонот треба да се издува, но никако со фен, бидејќи топлината може да ги оштети контактите. Извлечете ја влагата од влезовите и слотовите (микро SD, слушалиците) и ставете го телефонот во силикатни топчиња, кои имаат многу подобро дејство од оризот, за да ја извлече влагата од телефонот. Ако имате можност, тлефонот може да го натопите во 96-процентен алкохол, кој би ја извлекол сета вода од телефонот, ова е добра напомена во случај телефонот да паднал во море, алкохолот нема да дозволи телефонот да оксидира. По некое време телефонот извадете го од алкохолот, а течноста самата ќе изветрее. По темелното сушење, телефонот треба да пробате да го уклучите и да видите дали работи.