55 годишен маж силувал 8 годишно девојче
Осумгодишно девојче од Валандово поминало низ вистински пекол откако било силувано од 55 годишен маж. Во период од еден месец монструозниот чин силувачот го повторил во неколку наврати јави дописникот на Сител. Случајот во валандовската полиција бил пријавен во текот на вчерашниот ден од страна на мајката на девојчето. Таа за драмата низ која поминало нејзиното дете разбрала од постарата ќерка која исто така била нападната од пријавеното лице, но успеала да му побегне.
Мајката во полиција рекла дека 55 годишен жител од селото Пирава во повеќе наврати во период од еден месец извршил полови дејствија врз нејзината осумгодишна ќерка. Жената ја информирала полицијата дека и поголемата ќерка, 15- годишна малолетничка, им раскажала на родителите како истиот маж во неколку наврати се обидел тоа да и го направи и на неа, но за среќа таа успеала да избега.
Засега повеќе детали за случајот од полицијата не соопштуваат. Од таму информираа дека веднаш по пријавувањето од нивна страна се преземени мерки за целосно расчистување на овој настан.