Интервју, Misanthrope: АНДЕРФЕСТ е втор фестивал на кој ќе учествуваме, а со голема желба и труд го работиме нашиот албум

Misanthrope е thrash-death metal бенд, формиран во 2016 година од Антон Китос и Андреј Петровски, кои први го добија стимулот да направат своја група. Подоцна нив им се приклучуваат Бојан Анакијевски и Стефан Ѓуровски.

Нивниот бенд зема инспирација од големите бендови како Megadeth, Kreator, Sepultura, Vader, Morbid Angel, Destruction и други.

Misanthrope ќе свират во сабота на 06 април, 2019-та година на фестивалот АНДЕРФЕСТ во Public Room, Скопје . Влезот е бесплатен.

MISANTHROPE

  1. Kако се запознавте и како дојдовте до идејата да формирате бенд?

Нашиот бенд најпрво започна од другарство, од самата дружба и вклопувањето на интересите решивме да создадеме новитет за битолската а и пошироката сцена и тоа преку бенд.

  • Кој бендови и изведувачи ве инспирираат?

Најголем пример и инспирација ни пружат бендовите кои се дел од нашето секојдневие, познати под имињата Kreator, Morbid Angel, Vader, Destruction, Dissection, Exodus… кои се најголеми носители на нашите идеи за авторска музика.

  • Дали планирате да издадете албум?

Нашиот албум е моментално во тек, со голема желба и труд го работиме и засега   имаме одлични резултати.

  • Како ја оценувате алтернативната сцена во Македонија?

Иако на македонската сцена има многу да се покаже, ние сметаме дека треба да се врати и нашиот жанр на музика во живот. Не е изумрен во никој случај, но е изоставен за други стилови, тоа е уште една причина зошто ние имаме желба да свириме.

  • Во април оваа година ќе настапувате на фестивалот АНДЕРФЕСТ, како дојде до тоа и што мислите за овој тип на фестивал кој трае три дена и кој е целосно посветен на изведувачи од Македонија?

За нас, тоа е огромен напредок. Тој е втор фестивал на кој ќе учествуваме, и сите сме многу благодарни за шансата која ни е пружена да се покажиме како една битолска треш група.

Translate »