Метеоролозите предупредуваат! Пеколот доаѓа наредната недела: Се повторува летото од 2003-та кога поради горештините починале 70.000 луѓе

Водечките европски климатолози и метеоролози предупредуваат дека “потенцијално историски смртоносен топлотен бран ќе ја пече Европа”.

Силвиа Лаплан, многу популарен метеоролог во Шпанија, на својот Твитер напишала дека “пеколот доаѓа”. 

Овој свој твит го илустрирала со мапа од Шпанија, каде се предвидуваат температури од 40 степени во наредната недела.

Стефан Рамстроф, главен климатолог и професор по физика на Универзитетот во Потсдам, на Твитер ја објавил шокантната информација.

“Топлотните бранови се убијци. Во 2003-та година европскиот топлотен бран предизвика смрт на 70.000 луѓе. Минатогодишното топло лето во Германија се проценува дека предизвикало најмалку 1.000 прерани смртни случаи”, напишал тој.

Silvia Laplana@slaplana_tve

El infierno is coming.21.7K8:10 AM – Jun 24, 201912.5K people are talking about thisTwitter Ads info and privacy

Објаснил дека ваквите топлотни бранови се почесто се појавуваат затоа што климатските промени ги ослабеле водените струи во високите слоеви на атмосферата, поради што воздухот од Сахара доаѓа во Европа, каде што се задржува и пече. И убива луѓе, животни, растенија…

Тој навел и дека во наредните недели во Европа ќе можеме да очекуваме нов рекорден топлотен бран, и тоа како оној од 2003-та година, кој бил најлош во последните 500 години. Веројатно и подолго. Воопшто, летото 2003-та година климатолозите и метеоролозите го паметат по 15.000 загинати само во Франција.

Stefan Rahmstorf@rahmstorf · Jun 24, 2019Replying to @rahmstorf

That wave pattern is also linked to the recent excessive heat in Greenland. https://www.sciencealert.com/greenland-was-40-degrees-hotter-than-normal-this-week-and-things-are-getting-intense …Greenland Was 40 Degrees Hotter Than Normal This Week, And Things Are Getting Intense”Another series of extreme events.”sciencealert.com

Stefan Rahmstorf@rahmstorf

Data show that the normally eastward atmospheric summer circulation of the NH mid-latitudes has slowed down, including the jet stream. This favors more hot-and-dry conditions over the continent and is likely linked to Arctic warming. Coumou et al. 2015: https://science.sciencemag.org/content/348/6232/324 …721:06 PM – Jun 24, 2019Twitter Ads info and privacy

View image on Twitter

38 people are talking about this

Воглавно станувало збор за постари луѓе и хронично болни, кои би успеале да преживеат до некаде натпросечно лето. Но, такво лето не можеле. Репортажите, вестите и агенциските фотографии и снимки од Франција од пред 16 години ги овековечиле сцените од возила од итна помош, барање спас по градските фонтани, умирање и на млади луѓе. Всушност, слични сцени би можеле да се видат ширум Европа.

Мика Рантанен, метеоролог од Финска, на Твитер објавил графикон од националната метеоролошка организација. Објавил податоци кои ги опишал како “рекорд на сите времиња” и како тотално незабележани за јуни.

Францускиот метеоролог Жил Возниак отворено најавил можност во таа земја да се урне рекордната температура на сите времиња од 45 степени.

Професор Рамстроф во своите објави последните денови навел дека најтопли лета од 1500-та година, освен ужасното од 2003-та, биле минатата година, 2016-та, 2010-та и 2002-ра. А сето тоа во свет кој до денес се загреал за нешто повеќе од еден степен според просекот.

View image on Twitter
View image on Twitter

Mika Rantanen@mikarantane

The airmass (at 850 hPa) in France may be > 30°C this week.

To get perspective how anomalous it is, here’s ERA5 T850 maximum for any month and for June. Clearly an all-time record (at least for 41 years), and totally unheard of for June.#heatwave6310:03 AM – Jun 25, 201947 people are talking about thisTwitter Ads info and privacy

Најновите показатели на светските климатолози и климатолошки центри предупредуваат дека светот е на пат, поради загадувањето на атмосферата, до 2100-та година да се затопли за најмалку 3 дополнителни степени.

Рамстроф опишува таков свет со зборовите дека “две третини од светот во развој поради тоа секоја година би имале рекордни горештини на крајот 21-виот век”.

“Потенцијално историски и смртоносен ранолетен топлотен бран ќе ја пече Европа, а најкритично ќе биде кон средината на неделата”, пренел на својот официјален Твитер Институтот за клима во Потсдам.

Translate »