ШАНСА ЗА СИТЕ: Каде и како невработените можат да аплицираат?

Почнува Оперативниот план 2019 „Шанса за сите“ кој ќе понуди можности за вработување. 

„Нема поважна тема којашто ги интересира и засега нашите граѓани кои бараат работа и сакаат да имаат достоинствена работа за да можат да формираат сопствено семејство или да ги прехранат своите семејства и да ги извадат своите деца на прав пат“, изјави премиерот Зоран Заев. 

Заинтересираните од денеска може да аплицираат за учество во Програмата самовработување, Субвенционирање на плати, Обука на работно место кај познат работодавач, Обука за стручни квалификации според барање на работодавачите, Обука за побарувани занаети, Програмата практиканство и Програмата за работно ангажирање -Јавни работи. Овие програми и мерки ќе бидат отворени за апликација се додека не се пополни предвидениот опфат на корисници и не се исцрпат финансиските средства предвидени за реализација. 

Translate »