THERAMID Azid – Серум со азелаична киселина за ефикасно смирување на воспалена кожа склона кон црвенило или акни
Доколку иматечувствителна и реактивна кожа со црвенило, розацеа, воспалителни акни, дури и дамки, сигурно веќе од поодамна сте во потрага по квалитетно решение со кое сакате да го надминете проблемот. Изморени сте од половични краткотрајни резултати, или пак од инстантни решенија кои на краток рок создаваат привид, а на долг рок уште повеќе ја влошуваат состојбата.
За среќа најновата иновација од европската унија, THERAMID Azid – Серумот за смирување на кожата од реномираниот шпански производител Niche Beauty Lab, е достапен онлајн и во нашата земја.
Овозможува интензивен повеќенаменски третман со 15% азелаична киселина која ефикасно ги третира и намалува дамките/хиперпигментациите, го смирува црвенилото, го изедначува тенот и текстурата на кожата.
Содржи и Колоиден овес 1% и Карнозин 1%, со што обединува единствена формула за секојдневна нега на реактивна кожа склона на црвенило и/или акни, резултирајќи со порамномерна, мазна и подмладена кожа во само еден чекор.
Ефикасноста е во азелаичната киселина, која е моќна мултифункционална активна состојка со антиоксидативни, антибактериски, антиинфламаторни својства, и помага за регулирање на лачењето на себумот, а ги третира и хиперпигментациите. Нејзиното дејство е насочено кон намалување на дамки, црвенило и несовршености, контрола на продукцијата на себум и намалување на видливоста на проширените пори, а резултат е порамномерна и сјајна кожа.
Азелаичната киселина е уште поефикасна во комбинација со уште две активни состојки кои го засилуваат ефектот. Карнозинот во концентрација од 1% е иновативна анти-ејџинг активна состојка со антиоксидативни и анти-гликациски својства, која помага во забавување на стареењето на кожата и ја штити од оксидативен стрес. Екстрактот од колоиден овес во концентрација од 1% благодарение на своите смирувачки и хидратантни својства, го ублажува чешањето, црвенилото и ја обновува бариерната функција на кожата.
Овој производ е наменет за различни типови на кожа,се нанесува секојдневно наутро и навечер на претходно исчистено лице, нежно масирајќи со врвовите на прстите додека целосно не се впие.
Azid може да се нанесе самостојно или во комбинација со омилен серум или хидратантна крема. Наутро секогаш нанесете крема за заштита од сонце со фактор 30 или повеќе.
Тел : +389 (0)71 370 961 | www.dermissima.com


