ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ ВО СЕВЕРНА ГРЦИЈА: ПАДНАЛО ТОЛКУ МНОГУ ГРАД, ШТО МОРАЛЕ ДА ИНТЕРВЕНИРААТ БАГЕРИ (ВИДЕО)

Силно невреме ја погоди околината на грчкиот град Драма ноќта помеѓу вторникот и средата, што предизвика големи проблеми во сообраќајот.

Голем број продавници и станови биле поплавени, а бројни патишта биле оштетени.

Противпожарната бригада добила околу 60 повици за пумпање вода од голем број станбени и трговски згради, а пет лица се спасени од автомобилите кои биле погодени од поројниот дожд.

Покрај обилниот дожд, подрачјето било под изложено на силен град. Паѓал толку многу град што багери морале да интервенираат за ги расчистат патиштата и улиците, бидејќи паднале околу 30 до 40 центиметри мраз и град.

Градоначалникот на Драма, Христодул Мамсакос изјавил дека „небото се отворило“.

„Се прашувавме дали она што го гледаме е реално. Никогаш не сме виделе толку град, не можевме да поверуваме. Само за еден час сите патишта беа поплавени, а во исто време кога паѓаше дождот, имаше и град кој уништи сè“, соопштил Мамсакос.

Метеоролозите предупредуваат дека се очекуваат повеќе врнежи во северниот и централниот дел на Грција.

Translate »