Publicis, IPG, Omnicom, WPP и Edelman со заеднички отворен бриф за кампањата против стигмата на ракот

Креативци од целата глобална маркетинг индустрија се поканети да поднесат идеи за нова глобална кампања за справување со стигмата на работното место со која се соочуваат луѓето со рак.

Брифот ја означува следната фаза од напорите на главниот извршен директор на Publicis Groupe, Артур Садун, да ја прекине културата на молк околу живеењето и работата со ракот. Кон активностите на француската агенциска групација се придружија и нивните конкуренти IPG, Omnicom, WPP и Edelman.

Во пресрет на самото закрепнување на Садун од болест поврзана со рак во 2022 година, тој ги повика присутните на Светскиот економски форум во Давос да изградат култура за „закрепнување“ на работното место. Следеше мас-медиумска кампања насочена кон потрошувачите, вклучувајќи Божиќна кампања за подигање на свеста за ХПВ во која главните улоги ги толкуваа Садун, потоа претседателот на Publicis, Морис Леви, и холивудскиот актер Мајкл Даглас. Тие активности беа добро примени, а како резултат на кампањата – над 600 компании се приклучија кон иницијативата на Publicis.

Брифот за новата кампања, поддржан од петте големи холдинг-компании и насловен „The Big C“, ќе биде јавно презентиран денес, 22 јуни, во Кан за време на фестивалот Cannes Lions. Конкурсот за пријавување креативни решенија ќе биде отворен од 10 јули до 16 септември 2023 година.

Целта е да се развие кампања што „пркоси на културата“ за да ја разбие стигмата околу третманот и лекувањето на ракот. Кампањата треба да се реализира во пресрет на Светскиот ден на ракот следната година, поддржана со над 100 милиони долари во дониран медиски простор.

Пријавените идеи ќе бидат оценувани од панел од врвни креативци, вклучувајќи ги Џуди Џон од Edelman, Сузан Кредл од FCB, Чака Собхани од Leo Burnett, Луиз Санчес од BBDO North America и глобалниот CCO на VMLY&R, Деби Вандевен.

Translate »