Фатмир Битиќи: Северна Македонија може да биде енергетски хаб на балканот
Преку развој на енергетскиот сектор Северна Македонија многу брзо може да биде енергетски хаб на балканот. Тоа е возможно преку диверзификација на изворите на енергија, односно создавање алтернативни и еколошки извори на енергија со кои нашата економија ќе ја подобри својата конкурентност но и трајно ќе го реши проблемот со енергетското загадување, изјави во гостување на Алсат ТВ, Заменик на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, координација со економски сектори и инвестиции, Фатмир Битиќи.
Тој ја истакна важноста на сопственичкото учество на нашата земја во Александропулос гас терминалот, со што Северна Македонија ќе создаде нова енергетска перспектива, и можности за замена на старите нееколошки извори на енергија. Нас ни се потребни зелени еколошки енергии кои не загадуваат и постепено намалување на изворите на енергија кои се загадувачи.
Заменик на Претседателот на Владата ја истакна и важноста на Коридорот 8 и железничкото поврзување со Бугарија и со Албанија како ефтин алтернативен транспорт, кој значително ќе ја подобри конкурентноста на македонските компании, кои сега користат алтернативен авионски или бродски траспорт кој е многу поскап. Нашата иднина е во развојот на човечките ресурси и подобрување на транспортната инфраструктура и во развивањето на алтернативни зелени извори на енергија. Само така Северна Македонија може да креира дополнителна вредност и да има долгорочен развој.