ОВАА КРВНА ГРУПА ДЕФИНИТИВНО Е НАЈПОДЛОЖНА НА ПОТЕШКИ СИМПТОМИ НА КОРОНАВИРУС
Германските и норвешките лекари ги потврдија претпоставките на нивните кинески колеги дека крвната група игра решавачка улога во развојот на коронавирусот.
Уште на почетокот на март, кинеските научници откриле дека луѓето со крвна група А имаат поголема веројатност да се разболат од луѓето со крвна група О.
Научниците од Универзитетот во Осло и Кил, врз основа на 1.610 тестови на крв на луѓе со тешка болест, кои се на респиратор, докажаа дека веројатноста за тоа е поголема кај луѓето со крвната група А.
Патем, примероците од крв што беа анализирани се од особено погодените региони на Италија и Шпанија.
ДНК на пациентите со ковид беше споредувана со онаа на 2,205 здрави донатори на крв од двете земји.
Пред-студијата, предводена од норвешкиот научник Том Карлсен и Германецот Андреа Франке, заклучи дека пациентите со крвна група А имаат двојно поголема веројатност дека имаат потреба од респиратор отколку луѓето со крвната група О.
Откриле дека луѓето со крвна група О имаат заштитен ефект, врз основа на кој имаат помал ризик од инфекција.
Во Германија 37% од населението има крвна група А + и 35% крвна група О +, шест проценти А- и О-.
Типот на крв во основа може да биде фактор на ризик за болести, истакнува Маркус Лерх, професор по интерна медицина на Универзитетот во Грајфсвалд.
Тој посочи дека крвната група треба да се земе предвид при определување на одредени хронични заболувања.
Ренате Хајнц, професорка по интерна медицина на Универзитетот во Виена, која долго време се занимава со врската помеѓу крвната група и хроничните заболувања, вели дека во кардиологијата е познато дека луѓето со крвни групи А, Б и АБ имаат поголема веројатност да страдаат од коронарна болест.
Шест проценти од сите срцеви заболувања можат да бидат поврзани со „неповолна“ крвна група, според Здружението на германски кардиолози.
Историјата исто така покажа дека крвната група влијаела врз смртноста на населението, и за време на чумата луѓето од крвните групи А, Б и АБ „поминале“ подобро од оние со крвна група О.