Зошто Никола Димитров го нема во кампањата на Пендаровски
Министерот за надворешни работи Никола Димитров, иако поминаа повеќе од две недели од кампањата за претседателските избори, не му даде значителна поддршка на Стево Пендаровски нити декларативно ниту со присуство на настан, но за кандидатот за шеф на државата тоа не е проблем.
-Логично е Димитров да се појави на некој собир, да даде поддршка. Јас тоа нема да го барам, принципите не ми дозволуваат да барам од некој аман заман кажи нешто за мене. Ние 20 години сепак сме работеле заедно, рече Пендаровски.во вечерашното гостување на телевизија Телма.
Според националниот координатор за НАТО, Димитров има премногу обврски надвор од државата во моментов.