Неверојатна приказна за девојчето родено во контаминирана зона
Маријка има 20 години, здрава и е успешна студентка. Се родила во опасната евакуациска зона на Чернобил, јадела озрачена храна и се капела во езерото во близина. За многумина е симбол на “ренесансата на Чернобил”.
20-годишната
Маријка Совенка е единствено дете кое се родило во опасната зона на
Чернобил во 1999-та година, деценија по катастрофата. Украинските власти
најпрвин го прикриле нејзиното раѓање, посрамени од фактот дека луѓето и
натаму живеат во зоната за евакуација.
Нејзините родители Лидија и Михаил одбиле да се иселат бидејќи од властите не добиле алтернативно сместување. Таткото Михаил бил пожарникар кој бил повикан да помогне во гасењето на реакторот 4 во ноќта на експлозијата во 1986-та година. Мајката Лидија не знаела дека е бремена се додека не почнале породилните болки. Сопругот и помогнал да ја роди Маријка. Ја пресекол папочната врвка, го измил детето и и го предал на Лидија.
Кога се прочуло за “детето од Чернобил”, многумина ги осудувале родителите бидејќи не сакале да заминат од својот дом. Но, тие и натаму ја чувале Маријка таму, без разлика на бројните опасности. Ги игнорирале многуте предупредувања, па и давале на ќерката да пие кравјо млеко и да плива во потокот кој бил озрачен.
“Ако луѓето мислат дека таа е мутант, дека има две глави, опасно се лажат”, рекла во една прилика нејзината мајка.
“Таа е прекрасно дете кое е апсолутно здраво како што гледаме ние”, додала таа.
Маријка во 2006-та година прв пат дала интервју за медиумите и рекла дека е многу осамена. Во зоната каде живеела немало никој, па ни посетители.
“Барем да имаше уште едно дете таму. Ќе му ги покажев своите куќа и село, многу ќе се забавувавме”, рекла таа.
Кога наполнила седум години, Маријка се преселила за да тргне во училиште. Сега е студентка на добар универзитет и еден ден сака да работи во фармација. Факултетот го плаќа сама и работи во бар.
“Добро сум, работам. Се издржувам сама. Тоа е тоа”, кратко рекла за “Sunday Express”. Иако сега живее и работи надвор од опасната зона, и натаму ја посетува својата мајка, која се уште живее таму.
“Луѓето тука веруваат дека Маријка е симбол на ренесансата на Чернобил, знак од Бог кој им кажува дека се враќа животот на тоа место”, рекла нејзината мајка Лидија, јавува “Daily Mail”.