Мега-засилување за Леванте: Барди ќе игра со екс-фудбалер на Интер и Милан

Неколку часа пред крајот на јануарскиот преоден рок, екипата на Леванте донесе во своите редови големо засилување.

Големо, барем според неговата блескава кариера во која, меѓу другите, играше за Интер и Милан, а забележа 25 настапи за италијанската репрезентација. Станува збор за 33-годишниот Џампаоло Пацини кој доаѓа од Верона каде ги помина претходните три сезони. Договорот со Леванте е со важност до крајот на оваа натпреварувачка сезона.

 

 

Translate »