Драматично на Австралија Опен- се онесвести девојче на теренот
Среде првиот сет на мечот помеѓу Лојд Харис и Микаел Торпгард, наеднаш една од собирачите на топки се сруши на теренот. Девојчето останало да лежи неподвижно на теренот, а играчите веднаш и помогнале и во паника ги повикаа лекарите, кои веднаш пристигнаа.
По неколку моменти, девојчето се освести и лекарите и помогнале да излезе од теренот.
“Девојчето падна на еден од нашите терени. Лекарите беа со неа и таа беше испратена дома од превентивни причини за да се опорави. Таа ќе се врати на теренот пред крајот на неделава”, изјавија организаторите на Австралија опен.
Првиот Грен слем во сезоната обично се игра на силни горештини, но годинашниот турнир започнал на релативно ладно време, па жештините не се причина за девојчето да се онесвести. Во времето кога и се слошило, температурата била околу 22 степени.