Вината на Бовин повторно воодушевуваат – освоени златни медали на винскиот саем во Нови Сад

Вината на Бовин повторно освојуваат интернационални награди! Последни во низа се златните медали освоени на 90-тиот интернационалниот саем за аграр во Нови Сад.
Црвените вина A’gupka, Imperator, Aleksandar 2020 и Dissan Vranec 2019, белото вино Мускат Темјаника, и полусувите розе вина “Ана Марија” освоија златни медали и беа избрани за најдобри вина во своите категории. Розе вината беа избрани како апсолутни шампиони во својата категорија.
Стручното жири го потврди високиот квалитет на овие македонски вина кои стануваат светски познат и посакуван вински бренд. Вината на Бовин беа оценети како екстра квалитетни, со специфична арома, хармонизиран богат вкус, вина со карактер кои оставаат силен впечаток кај консументите. Вина кои со својот уникатен и автентичен вкус воодушевуваат и претставуваат гордост на македонската винска индустрија.


Ова за Бовин која е првата приватна винарија во земјава е уште една потврда дека се произведуваат високо квалитетни вина со стандардизиран квалитет направени за уживање. Вина кои ја збогатуваат секоја дружба и  ја разубавуваат секоја трпеза! Вина за кои перфекционизам  е вистинскиот збор.


За спомнување се и 8-те златни медали освоени минатиот месец на Gilbert & Gaillard интернационалниот француски предизвик на кој се натпреваруваат вина од цел свет. Бовин “My Way” беше оценето со дури 94 бода од можни 100, и освои двојна златна медала, како едно од најдобрите вина во светот. Исто така други вина од Бовин беа високо бодувани и освоија највисоки златни медали.

Интересен е фактот дека во 2002-та година виното  Александар од Бовин се служеше на венчавката на принцот Вилхем од Холандија. Во 2018 година вранецот My Way 2011 беше прогласено за едно од најдобрите црвени вина во светот освојувајќи највисоко златно признание на интернационален вински натпревар во Њујорк.
Бовин е првата приватна винарија во Македонија, од која започна трендот на извоз на флаширани вина, и развојот на винската култура во нашата земја. Нуди голем број на различни вина поделени во четири сегменти: Quality, Superior, Barrique и Dessert, а во својата гама на производи нудат и три вида на ракии, како и шерибренди (вишновка). 
Во Бовин од самиот почеток на работење фокусот е на квалитет, а не на квантитет. Винаријата денес извезува во 37 земји, на 5 континенти, произведувајќи ги трите најквалитени и најскапи вина во Македонија Erа, My Way и A’gupka. 

Translate »