Најдобриот Пи-ар совет!
Добрите односи со јавноста базираат на отворени и двонасочни односи со својата јавноста, на взаемно почитување, и на рамноправен дијалог од кој сите имаат интерес. Секојдневно сме изложени на различни кампањи за односи со јавност од јавен или приватен интерес кои наметнуваат одредени вредности, ставови и принципи, кои се трудат да создадат преференција во однос на конкурентите, и кои се особено ефективни во постигнувањето на своите цели. Прашањето за нивната полезност одамна е надминато, а фокусот е на нивната форма и изведба. А предмет на посебна анализа треба да биде колку содржината на информациите кои се пласираат се од интерес на самата публика, колку јавноста има потреба од нив, или пак центрите на моќ самоволно настојуваат да ги наметнат своите интереси. Но јавностa денес не е повеќе наивна, некритична, туку напротив многу пребирлива и знае да препознае кога некој се обидува нешто да и наметне.
Лесно е да се практикуваат Односи со јавност, во услови кога се е супер, кога кога се функционира како во „сон”: на пример ако станува збор за компанија, кога таа има профит, развојна линија, комфор, заспана конкуренција.! Но грешки во односите со јавноста најчесто се прават токму кога комфорот е загрозен, кога сме во неповолна ситуација која влијае негативно на бизнисот, кога секнуваат парите и сите се нервозни. Се случуваат дури и јавни напаѓања, обвинувања, блокади и протести…Несомнен е фактот дека секоја конкретна ситуација бара посебна анализа и одговор, во продолжение ќе се презентираат неколку примери како добри ПР совети кои во праксата се покажале како ефективни.
- ПР пораката секогаш во себе треба да има доза на едукација. Ако медиумите почувствуваат дека сакате нешто да им продадете, голема е веројатноста вашето соопштение да заврши во кантата за ѓубре. А веќе не постојат наивни и послушни потрошувачи, напротив тие стануваат се повеќе пребирливи, комплексни и со специфични потреби. На пример: еден автомобилски бренд не треба само да продава сигурни возила, туку и да обучува за сигурно возење; банка заедно со понудата за финансиските услуги, да им нуди на своите клиенти и бесплатни консултантски услуги, додека реномирана винарија не треба само да продава вино туку и да ги обучува консументите како да препознаат добар квалитет на виното.
- “Понекогаш е добро на клиентот да му се каже НЕ” Посебно кога се бара нешто што не е реално и изводливо. Сепак, клиент сонеразумни барањае наша вина колкуи негова, бидејќи ние не сме поставиле разумни границии не се држиме донив.
- Извинувањето може да биде одлична ПР стратегија! Се случува работите да тргнат наопаку, и компанијата која ја застапуваме да има одговорност за тоа. Новинар констатира недостиг на декларации на одредени производи во нова само што отворена позната продавница во ГТЦ, и за тоа пишува во својот медиум. Под притисок на медиумот државната инспекција прави контрола, констатира неправилности и испраќа закана за затворање доколку тоа не се поправи. Во целиот овој период компанијата одбира стратегија на недостапност. Новинарот повторно прави прилог (поттикнат и од несериозноста на компанијата), а под притисок на медиумот, државната пазарна инспекција ја затвора продавницата. Штетата е голема. Се би било поинаку, доколку компанијата уште од самиот почеток јавно се извинеше, објаснувајќи дека поради големиот број на производи и неможноста за нивна обработка, се доцни со декларирањето, но дека тоа ќе се регулира во што поскоро време. Со таков одговор прво ќе се добиеше разбирање од јавноста, од новинарот, а можеби и од УЈП, особено кога станува збор за продавница која сите со години ја очекуваат.
- Секогаш бидете љубезни со клиентите и медиумите. Вашата нервоза и гнев, не дозволувајте да се почувствува…Воздржете се неколку минути, па по спуштањето на телефонот ослободете се од стресот!
- Тоа што се комуницира секогаш треба да биде кратко и разбирливо дури и за најобичните луѓе. Кога се обидуваме да го подигнеме нивото на комуникација, употребувајќи зборови за кои на луѓето им треба лексикон за да ги разберат, ја губиме целта на информацијата, односно таа да стигне до голем број луѓе и истата да ја конзумираат.
- Не постои само еден вистинскиканал за постигнување нарезултатите(соопштение, употреба на социјалните медиумиитн). Секогаш трудете се да ги комбинирате каналите!
- Никогаш не дозволувајте вашете его да влијае на вашето работење. Не ретко мислејќи дека по одредени прашања нема потреба да се комуницира, или дека некој не е достоен за со него да комуницираме, правиме грешки игнорирајќи го пројавениот интерес. Тоа секогаш остава лош впечаток, правејќи другите да помислат дека сме арогантни или пак дека нешто криеме. Секогаш бидете достапни!
Сашо Дуљанов
Колумната предходно e објавена на Фактор.мк