Клинтон 26 пати бил на островот на оргиите на Епстајн: Џефри на светската елита ѝ носел сиромашни малолетнички, а еве кој му правел друштво
Џефри Епстајн припадниците на светскиот естаблишмент ги снабдувал со малолетнички од сиромашни семејства.
За
превоз го користел авионот “Лолита Експрес”. Бил Клинтон 26 пати летал
на “Островот на оргиите”. Меѓу луѓето со кои Епстајн се поврзува е и
Тони Блер, саудискиот престолонаследник Мухамед Бин Салман, режисерот
Вуди Ален, актерите Кевин Спејси и Крис Такер.
Дури и ако резултатот од истрагата биде потврда дека станувало збор за самоубиство, тоа воопшто нема да влијае на сеопштата убеденост во САД дека на 66-годишниот богаташ некој му помогнал да умре.
Епстајн бил длабоко и цврсто поврзан со врвот на Демократската партија на САД.
Посебно интригираат неговите чести контакти со американскиот претседател Бил Клинтон, кого сексуалните апетити од Овалниот кабинет засекогаш го компромитирале.
Американскиот претседател Доналд Трамп ја ретвитувал алузијата на сатиричарот Теренс Вилијамс, дека Епстајн располагал со компромитирачки материјали против Клинтон и дека поранешниот претседател бил заинтересиран тој “да не пропее”.