Се приближува тајфунот Кроса кон Јапонија, евакуација на над половина милион луѓе
Поради приближувањето на тајфунот Кроса, јапонските власти им порачаа на најмалку 570.000 жители на западните региони да ги напупштат домовите и да се преместат во евакуациски центри.
Ова особено се однесува на префектурата Хирошима, кон која се движи тајфунот. Брзината на ветровите е околу 35 метри во секунда. Во западниот дел се очекуваат врнежи до 800 литри на квадратен метар. Властите предупредија и на лизгање на земјиште.
Откажани се 673 летови на внатрешни линии, отежнато е движење на возови и делумно се затворени автопатишта.
Кроса е десетти тајфун оваа сезона во Тихиот Океан. Тајфунот ќе навлезе во Јапонското Море по што ќе се насочи кон островот Хокаидо.