Младен Чадиковски: 2018-та е пропуштена, следната година мора да донесе пресврт на медиумската сцена!
Каква година беше 2018 за новинарството, за медиумскиот пазар?
2018 та беше година на нови предизвици во која многу очекувавме, а малку работи се остварија, глобално зборувам во медиумската сфера. Новинарската фела имаше високи очекувања дека медиумски реформи во Македонија ќе се случат а со тоа новинарите и медиуми ќе имаат подобри и пофер услови за работа. Системските реформи во МРТ, во медиумскиот регулатор како и прашањата околу социјалните и работничките права на новинарите останаа нерешени.
Знаете, најголемите медиуми долги години во Македонија имаа стопан, еден вид главен уредник, супервизор врз случувањата и работите на редакциите, и добар дел од нив продолжија така да се однесуваат, само го сменија стопанот. Во такви непазарни услови на функционирање верувајте дека медиумскиот пазар во моментов се соочува со можеби најтешкиот период на функционирање, говорам од финансиски аспект. Ниски цени на реклами, шунд по програмите, турски серии… Нема напредок во телевизиската програма, освен со ситни проблесоци. Новинарството во Македонија е пред силен предизвик, да почнеме полека да го враќаме на вистинските патеки. За тоа ќе треба малку време, но чинам дека има волја и енергија за тоа и сега е најдобро време да се почне со тој процес.
Што е она по што ќе ја паметите 2018 во Телевизија 24, каде сте главен и одговорен уредник?
Телевизија 24 во тој и таков пазар плива сигурно, се етаблиравме како главен стожер во информативниот дел, а воведовме и серија новитети. Имавме истражувачки емисии, направивме и емисија за млади, покрај веќе востановените дебати. Ја зацврснавме довербата на гледачите и остануваме добронамерен критичар, било која власт да е во прашање. Ќе бидам и малку самокритичен, следното на што треба да се фокусираме уште повеќе се истражувањата, знаете за се треба време, новинарската школа во Македонија допрва треба да се враќа, а оваа нова генерација на новинари треба да биде носител на промените. Сега треба да им го покажеме патот.
Особено сме горди што сме прва телевизија која по пауза од многу години донесе една од најсилните лиги во фудбал – Бундес лигата, или што ја имаме формула 1. Тоа не прави поразлични од сите останати. Правиме доста нови чекори кои ги најавувам за многу наскоро, паралелно со прославата на 8 та годишнина од раѓањето на телевизијата.Како гледате на симбиозата помеѓу ПР и маркетинг агенциите и медиумите во Македонија?
повеќе на
Маркетинг365
http://marketing365.mk/mediavoice-%D0%BC%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B5%D0%BD-%D1%87%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8-2018-%D1%82%D0%B0-%D0%B5-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%BF%D1%83%D1%88%D1%82%D0%B5%D0%BD%D0%B0/