Паѓаат цените- од денес ќе плаќаме за бензин и дизел по овие цени
Во следните две недели возачите ќе точат горива по цени кои се во пад.
Регулаторна донесе одлука цените на дизелот да се точат за 2,5 денари помалку а бензините за денар и пол помалку од претходните две недели.
Тоа значи дека почнувајќи од денес возачите ќе полнат резервоари со ЕУРОСУПЕР 95 по цена од 61,5 денари.
ЕУРОСУПЕР 98 ќе се точи за 63,5 денари за литар.
58,5 денари пак ќе изнесува цената на дизелот.