Подарете пакетче слатка среќа!

Да знаат децата во Јужна Америка какви слатки се произведуваат во Македонија извесно е дека и тие ќе побараат каде е Виница на географската карта. Тоа е единствениот континент чии жители засега не ги вкусиле тортиците и ролатите „Винчини“, кои со  години се произведуваат во македонската компанија „Макпрогрес, напиша пред извесно време еден македонски медиум.

Не е ни чудно тогаш зошто децата во Македонија со нетрпение ги чекаат токму новогодишните пакетчиња од Винчини. Составени од внимателно избрани производи, според вкусот и желбите на децата, правејќи ги воедно најубавиот детски подарок.

Бесценето е да се види радоста на лицата на децата кога ги отвораат новогодишните подароци. За децата, тие  имаат големо значење, па често и неколку недели пред Нова Година пишуваат писмо за Дедо Мраз и прават список на слатки и подароци кои сакаат да ги добијат, верувајќи дека новогодишните пакетчиња, Дедо Мраз на 1-ви јануари ќе им ги остави под елката.

Дечињата ги обожаваат новогодишните пакетчиња кои се полни со слатки производи, како специјална награда за нивното добро однесување. Тие уживаат да добиваат подароци, а ние возрасните со чинот на подарување ги учиме дека и давањето овозможува радост и топлина.

Во нашите краишта, децата веруваат дека Дедо Мраз им остава пакетчиња под елката, па се трудат да ја накитат со најубави лампиони и светилки. Целото семејство неизмерно се радува на новогодишните обичаи и традиција за заедништво и дружење.

Производите на Винчини се популарни кај сите генерации. Така да не е реткост со дел од производите од детските пакетчиња да се послужат и постарите! Посебно со тортичките и вафлите кои неретко се избор на возрасните на прослави и пријателски собири.

 

Translate »