900 долари дневно заработува Игор на плантажите на марихуана во Калифорнија

Студенти , самохрани мајки, лекари, инженери, банкари и полицајци од Црна Гора  масовно заминуваат на плантажите на марихуана во Калифорнија, каде што како физички работници можат да заработат повеќе стотици долари дневно!

Според Балкан Инсајт, голем број црногорски граѓани веќе ја познаваат добро развиената шема како да се уфрлат за работа на овие калифорниски плантажи , кои се најдобро платени. И сега наместо стотици евра дневница за работа во странство , тие за  сечење (trimmming) на марихуаната се платени и по 900 долари на ден.

Балкан Инсајт разговарал со Игор. Тој бил одличен студент на Медицинскиот факултет кој специјализирал акушерство, но не успеал да најде работа во болницата, па решил да го сврти листот  и да замине во Калифорнија, на покана на пријател од Подгорица кој работел и  живеел таму.

Како што пишува “Балкан инсајт”, тој одлучил да работи таму како нискоквалификуван работник во округот Хумболд, на плантажа со марихуана, која е  легализирана за медицински цели, а  од почетокот на оваа година и во рекреативни.

– Таму веќе беше мојот братучед кој успеа со заработените пари  за половина година  да ја исплати хипотеката од куќа во Подгорица и  за купи нов автомобил.  Јас исто имам заем во банка, и ако останам овде подолго време, ќе отворам приватна пракса во Подгорица – вели Игор.

Црногорците  сами си го организираат  патувањето, а во Америка тие се добредојдени  да работат на фарми со марихуана  кои се во сопственост на бугарски имигранти кои таму се преселиле изминатата деценија, но и на локалните Американци кои нудат подобри услови и повеќе пари за истата работа.

 

Translate »