Кое е местото со најчист воздух на светот?
Научниците од американскиот Универзитет Колорадо, сметаат дека пронашле место со најчист воздух на светот. Нималку изненадувачки, не се наоѓа близу било кое подрачје во кое се населени луѓе.
Истражувањето, кое е објавено во магазинот „Proceedings of the National Academy of Sciences“, открива дека Јужниот океан околу Антарктикот е право место ако сакате навистина свеж воздух. Благодарение на временските рамки и функционирањето на глобалната клима, облаците над Јужниот океан се недопрени.
Човечкото влијание е неизбежно на повеќето места на планетата Земја. Ѓубрето кое го оставаме може да се пронајде дури и во најоддалечените области на океаните, бидјќи секои неколку денови на оддалечените плажи на кои луѓето не живеат, во океаните се исфрлаат огромни количини пластика. Хемикалиите кои ги произведуваме се наоѓаат насекаде околу нас, но не и далеку на југ.
Истражувачите кои го проучувале воздухот на Јужниот океан, откриле дека тамошните облаци не покажуваат траги на човечка негрижа. Нема траги на фосилни горива, ѓубрива или друг човечки отпад. Отприлика е онолку чисто колку што може да биде, со оглед на тоа дека сепак е на Земјата.
Научниците земале примероци близу површината на океанот, како и примероци од атмосферата одозгора. Тие го проучувале составот на микробите најдени во воздухот и откриле дека микробите веројатно потекнуваат од океанот. Јужниот океан е доволно далеку од човечката цивилизација за да избегне загадување.