Влада: Граѓаните да излегуваат само кога е неопходно, намирници да купува еден член на семејството
Владата денеска на седница одлучи да им препорача на граѓаните низ целата територија на државата да излегуваат од дома само од најнеопходни причини.
Ова особено се однесува на оние што живеат на подрачјата на општините Куманово, Прилеп и Тетово.
„Согласно одлуките, мерките и препораките на Владата, граѓаните да го редуцираат излегувањето од своите домови, тоа да го прават само од најнеопходни причини, односно заради одење на своите работни места, како и излегување од својот дом на само еден член од семејството заради купување на намирници и лекови од маркетите и аптеките“, се вели во одлуката на Владата објавена по завршувањето на седницата.