НЛБ Банка Скопје по седми пат „Најдобра банка во Македонија“ според EMEA Finance
Реномираниот финансиски магазин EMEA Finance и оваа година ја избра НЛБ Банка Скопје за „Најдобра банка во Македонија за 2022 година“. На годинешните 15-ти „Европски банкарски награди“ (Europe Banking Awards), НЛБ Банка Скопје 7-ми пат по ред го добива ова признание, што е значајна потврда за успешното работење на Банката.
Главните критериуми според кои се доделува оваа престижна награда се: остварените финансиски резултати, посветеностa кон клиентите, имплементираните иновации во работењето, дигитализацијата, поддршката што ја обезбедува банката за постигнување на одржлив развој и транзиција кон „зелена економија“, како и реализацијата на општествено одговорни проекти значајни за пошироката заедница.
Како што истакнуваат од EMEA Finance oвогодинешните победници се „најдобри во класата“ и заради преземените мерки за да ги ограничат и апсорбираат влијанијата на предизвиците со кои беа соочени економиите минатата година.
”Ни претставува задоволство што уште еднаш, седма година по ред нашата Банка ја добива наградата за „Најдобра банка во Македонија “. Тоа е резултат на континуираните напори за постигнување одлични резултати во сите сегменти од нашето работење. Воедно ова е и потврда за добрата стратегија и доброто системско работење, стручноста и посветеноста на нашите вработени. Не радува што НЛБ Банка е препознаена како иновативна и современа институција ориентирана кон потребите на клиентите и локалната заедница, како Банка која ги следи современите трендови во банкарството, воведувајќи иновативни продукти и која обезбедува значајна кредитна поддршка на проекти кои придонесуваат за севкупниот економски развој на земјата.. Благодарност до сите оние кои го препознааа сето ова и ни ја укажаа довербата, издвојувајќи нѐ како најдобра банка во земјава.” – велат од НЛБ Банка.
НЛБ Банка Скопје е една од најголемите банки во земјава, финансиски столб на македонската економија, поддржувач на економскиот развој и на бројни општествено корисни проекти во локалната заедница.
ЕМЕА Finance e реномиран магазин кој во финансискиот свет е познат како „независен глас на финансиската заедница, нејзините клиенти и партнери“ во регионите на Централна и Источна Европа, Блискиот Исток и Африка.
Инаку, покрај НЛБ Банка Скопје, и во Словенија НЛБ e добитник на престижната награда „Најдобра банка за 2022 година“ од ЕМЕА Finance.