Ladna ги одбра победниците на овогодинешниот Детски ликовен конкурс на тема „Играта на овошјето и на зеленчукот“
Со прогласување на победниците во двете категории Ладна го затвори традиционалниот детски ликовен конкурс, кој оваа година беше на тема: „Играта на овошјето и на зеленчукот“. Како и секоја година, Ладна обезбеди вредни награди за најдобрите млади уметници.
Натпреварувањето беше поделено во две категории: 1) деца на возраст од 4 до 7 години; и 2) деца на возраст од 7 до 10 години. Темата ја разбуди инспирацијата кај младите уметници, па тие испратија огромен број дела на кои беа нацртани нивните омилени растенија во симпатични, разиграни сценарија.
Како победнички цртежи во двете категории, тричленото стручно жири составено од двајца графички дизајнери и еден универзитетски професор, ги одбра цртежите на:
Категорија од 4-7 години:
- 1-во место: Таиса Николовски (4 години, Скопје)
- 2-ро место: Аника Тошевска (5 години, Скопје)
- 3-то место: Ана Цветковска (5 години, Битола)
Категорија од 7-10 години:
- 1-во место: Марија Јанковска (8 години, Скопје)
- 2-ро место: Андреа Рибарски (8 години, Скопје)
- 3-то место: Касијана Милошеска (9 години, Битола)
Во секоја од категориите беа доделени по три награди:
- Прва награда: Патување во Дизниленд, Париз на детето со родителите/старателите.
- Втора награда: Годишен курс за цртање
- Трета награда: Таблет за цртање
На фотографиите се прикажани две од добитничките на награди – Таиса Николовски (4) и Касијана Милошеска (9), кои веќе ги посетија канцелариите на Ладна и заедно со нивните семејства го овековечија моментот на добивање на наградите.
Ладна им се заблагодарува на сите учесници кои решија да ја активираат својата фантазија и на креативен начин да ги изразат здравите и корисни навики во исхраната. Целата галерија од пријавените и наградените цртежи можете да ги погледнете на следниот линк: http://www.ladna.com.mk/ArtCompetitions.