Температури до 50 степени Целзиусови во Индија

Годинава летото во Индија започна рано, велат метеоролозите, истакнувајќи дека жештините започнале во март.

Истражувачкиот центар за наука и животна средина наведува дека многу сојузни држави се погодени од екстремно топол бран. Меѓу нив е и северната држава Химачал Прадеш, која, патем, се карактеризира со пријатна температура без екстремна топлина.

Во многу градови беа срушени априлските температурни рекорди.

Температурата била околу 40 степени, а во некои области достигнала и до 45, па и до 50 степени Целзиусови. Во Њу Делхи со денови температурата е над 40 Целзиусови степени.

Во западната индиска држава Махараштра од крајот на март се регистрирани 25 смртни случаи поради топлотен удар, што е најголем број жртви во последните пет години. Најпогодени се сиромашните луѓе кои несразмерно ги поднесуваат трошоците за ваквите екстремни временски услови, предупредуваат метеоролозите.

Translate »