Мадрид ја превзема власта во Каталонија

 

Владата во Мадрид на денешната седница донесе одлука да ја укине  регионалната влада во Каталонија. Премиерот Рахој ќе го активира членот 155 на шпанскиот Устав со кој ќе ја превземе регионалната власт, сите министерства ќе бидат под надлежност на Мадрид, а каталонскиот парламент нема да смее да донесува одлуки спротивни на шпанскиот Устав.

И државните медиуми во Каталонија ќе бидат под ингеренција на Мадрид, одлучено е на седницата која траеше три часа.

Новите избори во Каталонија, според  Мадрид, би се одржале за 6 месеци.

Лидерот на Каталонија Пуџдемон претходно најави дека ќе прогласи независност  доколку Мадрид го активира овој член од Уставот.

Се очекува тој вечерва да им се обрати на Каталонците.

Translate »