ВМРО-ДПМНЕ негира дека Груевски и Мијалков купувале српски фирми

 

 

 

Од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагираа на  интервјуто на претседателот на Народната партија од Србија, Вук Јеремиќ.  Опозициската партија демантира дека претседателот на партијата Никола Груевски или Сашо Мијалков имаат  поврзаност со приватизацијата на фабрики во Србија. Во соопштението се наведува дека Груевски и Мијалков не извлекувале пари од Македонија за да купуваат фирми во Србија. Од партијата велат дека се лиферуваат вакви информации за  да се сокријат сите антидржавни политики.

„Изнесените наводи во интервјуто кое го пренесуваат порталите блиски до СДСМ се целосно неточни и најостро ги демантираме“, стои во соопштението.

 Јеремиќ  ги повика истражните органи да ја испитаат врската меѓу Воислав Спарвал, директор на фирмата СЦМГ која го купила крушевачкиот „14 октомври”, со поранешната македонска власт.
Translate »