Откако ја прифативме состојбата на Ерато, голем товар ни падна од грбот

Семејството Кардула синоќа во преполната Национална галерија Чифте амам ја промовираа книгата на нивната ќерка Ерато „Гуш и Бац“ која содржи измислени 47 зборови, преведени на 19 јазици, како и 47 илустрации на нејзините зборови создадени од 33 креативци од различни земји во светот.

„Откако ја прифативме состојбата на Ерато, голем товар ни падна од грбот, некако ни продолжи животот и мислам дека таа промена се почуствува и кај Ерато на подобро. Секакви терапии пробавме, сите испитувања како што ќе се појавеа ги правевме, но искрено, работата со дефектолог и логопед беа тие кои најмногу допринесоа за подобрување на нејзината состојба. Од таму е и идејата, средствата кои ќе се соберат од промоцијата на книгата и илустрациите да бидат наменети за реедукација на деца со аутизам кои не можат да си дозволат истото “, вели Кардула.

Ерато од мала возраст има развиено свој јазик, но на семејството им требало долго време додека успеале да го дешифрираат значењето на зборовите.

Кардула важат за големи борци и активисти за права во општеството, посебно на лицата со попреченост кои се на маргините на општеството и се дискриминирани по многу основи, почнувајќи од образовен, здравствен и од социјален аспект.

фото. СДК

Превземено:СДК.мк

Translate »