ВИДЕО: Спасителот Гедбан одбрани зицер за реми и ги донесе бодовите во Скопје
Вардарци не блескаа на гостувањето во Шведска, но пронајдоа енергија за важна победа во битката за што е можно подобар пласман во групата А на Лигата на шампионите. Екипата на Роберто Гарсија Парондо ризикуваше во финишот да испушти сигурна победа.
Имено, алжирскиот голман, 21-годишниот Калифа Гедбан му одбрани зицер на Арнасон на истекот на 59. минута при 29-30.
Оваа пропуштена шанса на Кристијанштад, максимално ја искористи Вардар и го зададе завршниот удар за победа од 30-32.