ВМРО-ДПМНЕ ќе бара референдум за договорот со Бугарија
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ до Парламентот ќе поднесе предлог за организирање на референдум на кој граѓаните би се изјасниле за договорот со Бугарија. Ваквата одлука била донесена на последната седница на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Имајќи предвид дека овој договор е потпишан, но се уште не е доставен до Парламентот на ратификација, ВМРО смета дека пред изјаснувањето од страна на пратениците, треба да се слушне мислењето на граѓаните.
Од ВМРО-ДПМНЕ претходно побараа создавање државна комисија која треба да расправа за промени на учебниците по историја во Македонија. За опозицијата е неприфатливо , како што велат, откажувањето од македонското малцинство во Бугарија. ВМРО-ДПМНЕ смета дека со договорот на мала врата се протнува непризнавањето на македонскиот јазик, зашто се користи формулацијата „јазик од Уставот на Македонија “.
Од Владата пак велат дека договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија е во интерес на граѓаните на двете држави.