Уживајте викендов, од понеделник големи промени

Во Македонија во сабота и  во недела под влијание на поле на висок воздушен притисок ќе продолжи сончевото и топло време со невообичаено високи температури за овој период од годината.  Дневните температури  ќе достигнат до 25 односно до 24 степени.

Во недела во доцните попладневни и во вечерните часови се очекува зголемување на облачноста. Во понеделник и вторник под влијание на циклонска циркулација ќе дојде до  продор на влажна и постудена воздушна маса која што ќе услови поинтензивни врнежи од дожд локално и над 20 литри и осетен пад на температурите, кои што на планините над 2000 метри ќе донесе и врнежи од снег. Ќе дува и засилен северен и северозападен ветер што ќе достигне брзина и до 40 км/ч. Во понеделник температури ќе се движат од  14  до 21 степен ,  додека пак во вторник утринските температури ќе паднат на околу 9  степени,  а преку денот ќе се искачат до 14 степени.

Translate »