БПЦ: Подготвени сме да сториме се што можеме за да помогнеме на нашите браќа во Македонија
Подготвени сме да сториме се што можеме и што е во согласност со светите канони на светата Црква за да им помогнеме на нашите православни браќа во денешна Македонија, пишува во посланието на Синодот на БПЦ по повод 1000-годишнината од Охридската архиепископија. Во посланието се вели дека историските судбини на земјите во кои живееме во регионот денеска се различни во споредба со минатитие државни и црковни реалности. Различни општествено-политички процеси низ годините доведоа до формирање нови држави и нови помесни православни цркви
„Она што продолжува и денес да не обединува сите нас, без исклучок, е нашата православна христијанска вера. Она што и денес продолжува да не сплотува е светата и маченичка Православна црква. Тоа беше и причината и нашата главна побуда да ја прифатиме улогата на посредник, предложена од македонска страна, да ги преземеме неопходните и сите можни чекори и дејства пред останатите братски православни цркви за решавање на канонскиот црковен статус на Православната црква во Република Македонија, која повеќе од половина век страда од наметната црковна изолација”, пишува во посланието од Синодот на БПЦ.