Кладилниците почнаа да примаат кладби, откако се расчу дека Бекамови се разведуваат
Викторија и Дејвид Бекам се заедно веќе 19 години, а во медиумите кружат бројни приказни за нивниот развод.
„Не постојат ниту изјави за медиумите, ниту развод. Ова се само лажни вести на социјалните мрежи. Сето ова е многу чудно и губење на времето. Нема да има изјави, нема да има развод. Во прашање е игра на „расипан телефон“ и „лажни вести“, рекле медиумските претставници на Викторија и Дејвид Бекам кои наредниот месец ќе слават 19-годишнина од бракот.
И Викторија сето тоа го демантирала, како со заеднички фотографии така и со изјава.
„Пишувате глупости“, рекла Викторија која веќе со денови објавува топли семејни фотографии.
Таа додала:
„Благословена сум зошто имам прекрасен сопруг и убави, здрави и среќни деца“, изјави во една прилика популарната дизајнерка и додаде дека и покрај пренатрупаниот деловен распоред, тие двајцата секогаш наоѓаат време за себе. Дејвид и јас немаме што да докажуваме. Се сакаме, се поддржуваме и силни сме и како партнери и како родители“, рече познатата сопруга на Дејвид.