Видео: Центарот на Љубљана претворен во урбана градина за спас на пчелите

По повод Светскиот ден на пчелите, во центарот на Љубљана се поставија медоносни растенија, кои што граѓаните можеа да ги земат дома, со цел да им помогнат на градските пчели да најдат храна

Поради влијанието на глобалното затоплување во времето на цветање, пчелите се соочуваат со недостаток на извори на храна кон крајот на летото. А кога пчелите ќе огладнат, ќе огладнеме и ние, бидејќи една третина од светските залихи на човечката храна зависи токму на пчелите.

За да им помогнат на градските пчели, по повод Светскиот ден на пчелите, А1 Словенија и Греј Љубљана во текот на една недела го претворија центарот на Љубљана во урбана градина со 3.500 медоносни растенија. Нивната намера беше да ги поттикнат пешаците и тие да им помогнат на градските пчели. Можеа да понесат дома едно од 12-те различни видови на растенија, да ги пресадат во градината или да ги стават на балконот, а со тоа да создадат своја сопствена оаза на пчелна храна во својот дом.

Translate »