Питон, долг 7 метри, голтнал 54 годишна жена (Видео)
Селаните го расекле питонот , долг седум метри, и во него го наше телото на жената.
Тие тргнале во потрага по 54 годишната Ва Тиба во утринските часови откако нејзините блиски рроднини пријавиле дека исчезнала. Потрагата по островот Муна , во Индонезија, траела цел ден. Селаните го откриле џиновскиот питон како мирно лежи во близина на сандалите на жртвата и нејзината батериска ламба.
Кога ја расекле змијата, го нашле телото на жената, се уште во нејзината облека.
Полицијата соопшти дека жрвата работела во градината кога била изедена од змијата. Локацијата, која се наоѓа на карпа, е позната како легло на змии . Питони со должина над пет метри се чести во Индонезија и на Филипините.