Користете медицинска заштита од сонце со минерални филтри кои ги одбиваат штетните УВ зраци!
Сонцето го подобрува нашето расположение, ја подобрува циркулацијата, метаболизмот на нашето тело, продукцијата на витаминот Д, ги поттикнува и одбранбените механизми на нашата кожа, но истовремено мора и да се заштитиме од него, посебно при предолга изложеност, а особено децата.
Нанесувањето на квалитетна крема за заштита од сонце е клучно за сигурна и здрава кожа, а за детската кожа посебно е важно да се користи крема прилагодена на нејзините потреби. Со оглед на фактот дека УВ оштетувањата, црвенилата и изгорениците во детството го зголемуваат ризикот од рак на кожата, и оштетувања на кожата покасно во животот, детската кожа мора да биде правилно заштитена. За оние деца кои се доста активни, и почесто се на сонце поради тоа што си играат, се препорачува Eucerin Sun со СПФ 50+. Лесно се нанесува, а кожата брзо го впива. Од колекцијата на еуцерин има и крема која е и водоотпорна, идеална за децата кои сакаат многу време да поминуваат во вода.
Престојот на сонце и на отворено да им го направиме побезбеден на децата заштитувајќи ги со ефикасна медицинска козметика. Дерматолозите ги препорачуваат производите за деца од Eucerin Sun колекцијата бидејќи истите не содржат хемиски додатоци, а обезбедуваат сигурна и долготрајна заштита од сонце. Содржат минерални филтри, кои ги рефлектираат, одбиваат УВ зраците, не дозволувајќи им да навлезат во детската кожа.
Како родител бидете им пример на своите деца, и секогаш преку игра нанесувајте ефикасна заштита од сонце. Вашата кожа ќе ви биде благодарна!