Роналдо прифати условна затворска казна
Шпанските медиуми тврдат дека Кристијано Роналдо ќе ја признае вината за затајување данок пред шпанските судови и ќе прифати двегодишна условна казна затвор, иако многумина тврдеа дека со неговото селење во Италија тој ги остави даночните грижи зад себе.
Роналдо веќе е осуден за затајување на 14.7 милиони евра данок за користење на неговиот лик, и отплати 13.4 милиони евра од таа сума. Но, според шпанскиот закон тој мора да се појави пред суд за да ја формализира постапката и преговорите за избегнување на ова појавување за 375.000 евра не биле прифатени.
Според овие податоци, Роналдо не платил данок четири години од 2011 до 2014 година, што претставува четири прекршоци за вкупно 14.768.897 евра. Одредувањето на двегодишната затворска казна не значи дека тој ќе мора да ја одлежи, бидејќи се работи за прв прекршок.