Како Адмир ги крадел милионите: Кај хирург на Косово го променил ликот, имал 13 лажни имиња

Тој е одговорен за серијата грабежи во кои, од 2015-та година, биле украдени повеќе од 16 милиони евра.

Албанската и косовската полиција се обидуваат да ги реконструираат настаните кои во вторникот довеле до големата кражба на аеродромот во Тирана, кога група напаѓачи украле 10 милиони евра. Убиениот лидер на групата, Адмир Муратај, или “човекот со 13 имиња”, наводно е одговорен за серијата грабежи во кои биле украдени најмалку 16 милиони евра. 

Албанското обвинителство соопштило, два дена по големиот грабеж на аеродромот “Мајка Тераза” во Тирана, дека Адмир Муратај, кој загинал во пресметката со полицијата кога групата напаѓачи бегала од потерата, е одговорен за серијата грабежи во кои, од 2015-та година, биле украдени повеќе од 16 милиони евра.

Полицијата во Албанија, каде повеќето грабежи се случиле, никогаш не го уапсила Муратај, но тоа успеале да го направат полицајците во Грција,, пред да побегне од затвор на спектакуларен начин и да исчезне некаде во Косово или Албанија.

Освен 12 албански, Муратај едно време имал и лажни грчки документи, а побегнал од затвор во Трикала, каде бил заробен поради девет грабежи на територијата на Грција, во кои, до тогаш, биле украдени околу 2 милиони евра.

Кратко по бегството, Муратај организирал група која украла околу милион евра пред да ја напуштат Грција.

По враќањето во Албанија, Муратај организирал уште две големи грабежи. Прво во февруари 2015-та година од блиндирано возило украл 900.000 швајцарски франци, 800.000 фунти и 16.00 евра, за една година подоцна во Тирана на сличен начин да украде милион американски и по 200.000 канадски и австралиски долари.

Во февруари 2017-та година, групата на Адмир Муратај во Тирана украла 2,4 милиони евра, 200.000 американски долари, 260.000 фунти и 85.000 швајцарски франци.

Албанската полиција тврди дека возилата кои неговата група ги користела во неколку кражби дошле од Косово, но дека автомобилите биле продадени легално. Исто така, албанската полиција дека Муратај извесно време живеел на Косово, каде направил серија пластични операции. Велат дека маска не му била потребна, бидејќи често го менувал својот личен опис.

Translate »