Пукање во Лондон: Возило намерно удрило во автомобилот на украинската амбасадорка
Британската полиција отворила денес оган на возилото кое удрило во паркираниот автомобил на украинската амбасадорка во Лондон.
До пукањето дошло во Нотинг Хил, а од амбасадата на Украина соопштиле дека нема повредени.
Полицијата веднаш била повикана, а возилото кое го извршило нападот било блокирано. Сепак, и покрај акцијата на полицијата, напаѓачот повторно удрил во амбасадорскиот автомобил. Полицијата била принудена да отвори оган на возилото на извршителот, пишува во соопштението.
Амбасадорката Наталија Галибаренко не била во зградата на амбасадата во моментот на нападот, и никој од вработените не бил повреден.
Напаѓачот бил уапсен, а полицијата соопштила дека во инцидентот не бил повреден ни тој.