Шпанија прогласи вонредна состојба
Шпанската влада прогласи вонредна состојба во земјата поради коронавирусот и воведе полициски час од 23 до 6 часот наутро.
Со цел да се запре ширењето на Ковид-19, Советот на министри, предводен од премиерот Педро Санчез, одлучи да воведе втора вонредна состојба во земјата од почетокот на годината.
Првата траеше од март до јуни, а според неофицијални информации, втората може да трае до април 2021 година.
Минатата недела, Шпанија стана првата земја во Европа и шеста во светот што регистрирала еден милион случаи на зараза со коронавирус.