ВО АВСТРИЈА СЕ ОТВОРААТ ФРИЗЕРСКИТЕ САЛОНИ И ТРГОВСКИТЕ ЦЕНТРИ: ПРОДАВНИЦИТЕ ВЕДНАШ СО ПОПУСТИ И ДО 68 ПРОЦЕНТИ
По скоро седум недели, трговските центри, фризерските салони и сите продавници поголеми од 400 метри квадратни, денес се отворија низ цела Австрија.
Во понатамошниот чекор кон постепено враќање во нормалност, откако австриската влада целосно го запре јавниот и економскиот живот во земјата на 16 март поради пандемијата, сите продавници сега се отворени, со задолжителните мерки на заштита.
Во првиот чекор, пред две недели се отворија продавниците помали од 400 метри квадратни и продавниците за градинарски и градежни материјали.
Шопингот во продавниците мора да се врши со употреба на заштитна маска и потребната социјална оддалеченост помеѓу клиентите.
На продавниците им било наредено да го ограничат бројот на клиенти, што значи 10 квадратни метри на секој клиент.
Повторното отворање на продавниците е обележано и со бројни попусти, бидејќи магацините се полни со роба и сè треба да се продаде што е можно поскоро.
Продавниците треба да ги надоместат загубите, така што од првиот ден започнаа да привлекуваат клиенти со интересни понуди.
Во моментов, поради доброто време,мебелот за во градина и балкон бил цел на голема побарувачка, па можел да се најде со попуст до 68 проценти.
Магацините за складирање се полни со облека од пролетната, која треба да се продава, па затоа попустите се големи.
Што се однесува до фризерите, Австријците се чини дека едвај чекале на нивно отворање. Во голем број од нив, следниот месец е веќе целосно резервиран, нема слободени термини, а сопствениците се задоволни. Строгите правила важат и за нив – клиентите кои доаѓаат мора да ги измијат рацете или да ги дезинфицираат и мора да носат заштитни маски, како и самиот фризер.