Даниловски: Клучот за „спас“ од коронавирусот е во почитување на мерките
Карантин во траење од две до три недели би го спречил есенскиот бран на коронавирусот, но би довел до социјална и економска катастрофа, вели епидемиологот Д-р Драган Даниловски за Канал 5.
Клучот за „спас“ е во почитувањето на мерките, што мора да бидат дозирани, за да не се создадат други проблеми, додава Даниловски. Капацитетите на болниците ќе се прошират, ама, дали, за еден месец од сега, ако заразата се шери со исто темпо, ќе има кој да ги лекува болните е отворено прашање, вели Даниловски.