Млекара Здравје реализира ефективна кампања за новиот јогурт “Бенефит”

loading...

 

Билборди со возрасен човек во одлична физичка состојба, кој со новиот јогурт “Бенефит” ја одржува својата кондиција и енергија, специјално креирани автобуски станици, облепени автобуси, живи и интересни дигитални банери, се дел од каналите кои ги користи Млекара Здравје за промоција на својот нови производ, функционален пробиотски јогурт “Бенефит”. Се забележуваат и девојчето со балон кое лебди од леснотија и емотивната прегратка на ќерката и таткото супер херои, кои се сигурни дека имаат вистинска заштита секој ден.

Новиот разигран дизајн на производите на Млекара Здравје, ги задржува традиционалните елементи, истакнувајќи го македонското потекло на овој производ, но сега целата комуникација се карактеризира со еден модерен и енергичен концепт.

Новиот дизајн, ги прати сите функционални подобрувања на производите на Млекара Здравје во изминатиов период, со што компанијата сака да ја смени перцепцијата, од локален произведувач на млечни производи, во модерна и современа компанија која создава производи со висока вреднност, и кои набрзо ќе остварат успех и пробив на регионалните, како и на светските пазари. “Имаме квалитетно млеко, млеко добиено од најдобрите фарми во Македонија, модерна опрема, ефективен систем за контрола на квалитет, и одлична дистрибутивна мрежа. Создадовме нов квалитетен производ, кој многу брзо ќе биде прв избор за потрошувачите кои се грижат за својот здрав живот”, изјавија од Млекара Здравје.

“Бенефит” веќе е достапен на продажните места. Станува збор за нова инвестиција во цел еден нов асортиман на здрави производи, амбициозен проект, на кој интензивно работеа повеќе од 6 месеци експерти од повеќе области како нутриционисти, технолози и експерти за производство на храна. Производот “Бенефит” е резултат на потребите на модерните потрошувачи, кои имаат динамичен животен стил, кои внимаваат на својата исхрана и преферираат високо квалитетни производи.

Покрај свежиот и пријатен вкус, во својот состав “Бенефит” содржи и комбинацијата на пробиотски култури кои овозможуваат воспоставување на цревна рамнотежа помеѓу таканаречените „добри“ и „лоши“ бактерии. Предностите се посебно нагласени кога има нарушена микрофлора од најразлични болести, стрес, земање на антибиотици, консумирање на алкохол или стареење. “Бенефит” може да има позитивни ефекти и во намалување на надуеноста.

Се препорачува како додаток на секоја исхрана, за сите возрасти, како производ кој благотворно делува на дигестивниот тракт и го зајакнува имунолошкиот систем на организмот. Нутриционистите и докторите го препорачуваат особено во летниот период како диететски производ кој ефикасно се грижи за здравјето.

Translate »